Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари кратка средба со бугарскиот премиер Кирил Петков.
Соговорниците дискутираа за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европската агенда, кој би значел заеднички успех. Претседателот Пендаровски порача дека пробивот на европскиот пат е неопходен за двете страни.