Владата на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи.
Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината прес-служба.