За разлика од претходните локални и парламентарни избори, на денешното референдумско изјаснување излезноста на граѓаните е пониска и само 20,26 проценти од граѓаните што се запишани на единствениот избирачки список го дале својот глас до 15 часот.
Слична е состојбата и во општините Пласница и Македонски Брод, каде што до 15 часот се изјасниле 23. 4 проценти од граѓаните на Македонски Брод и 18 проценти во Општина Пласница или во бројки изразено 1205 граѓани во бродска општина и 897 граѓани од Општина Пласница го дале својот глас.
-Во нашата општина до 15 часот се изјасниле вкупно 1.0346 граѓани или во проценти изразено 20,26 посто. Со исклучок на едно избирачко место каде гласањето е завршено поради малиот број запишани гласачи, на останатите гласачки места продолжува изјаснувањето на граѓаните. Во нашата општина имаме 115 избирачки места со 50195 гласачи, во оваа бројка влегуваат и лицата од нашата општина кои се наоѓаат во конзуларните претставништва во странство –истакна Антигона Сефери од ОИК за Кичево.
З.A.