Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на ковид-19: Скопје – 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6, Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2, Берово, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .
Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Охрид – 79, Тетово – 46, Гостивар – 38, Струга – 36, Делчево – 13, Кичево – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија и Кочани – по 8, Велес – 7, Ресен – 6, Радовиш – 5, Неготино, Свети Николе, Дебар , Богданци и Виница – по 4, Прилеп и Македонска Каменица – по 2 и Дојран – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75 години и 87 години), Куманово (72 и 80 години) и Тетово (80 и 89 години), и по едно починато лице од Гостивар (62 години), Демир Капија (73 години), Прилеп (61 година) и Струга (84 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително шест починати лица – Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57 до 82 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13 јануари 2021 – 03 февруари 2022 година.
Од вкупниот број на починати лица, три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.