Седницата за избор на нова Влада продолжува утре
Седницата за избор на новата Влада ќе продолжи утре во 12 часот, откако на денешната собраниска расправа пратениците од владејачката СДСМ ги бранеа политиките на досегашниот владин состав, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати критики, барајќи брзи парламентарни избори.
Мандатарот Димитар Ковачевски во експозето пред расправата истакна дека фокусот на владината програма е на справување со последиците од пандемијата и од енергетската криза. Во однос на спорот со Бугарија, Ковачевски најави интензивирање на разговорите, без да биде загрозен идентитетот на народот.
За избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас, а пратениците имаат рок до утре на полноќ да гласаат за новиот владин состав.
Новата владина коалиција е составена од СДСМ, ДУИ, ДПА и од Алтернатива со чие приклучување владиното мнозинство ќе брои 64 пратеници.