Јапонците претставија нова студија
Јапонците открија дека карактерот на човекот го одредуваат, ни помалку ни повеќе, крвните групи. Во првата деценија на 20 век, австрискиот лекар Карл Ландштајнер ја подели човечката крв на четири типа што веќе ни се познати: 0, А, Б и АБ. Во Земјата на Изгрејсонцето постои верување дека крвната група го одредува карактерот, влијае на животот, работата и љубовта. Во 1927 година, јапонскиот професор Такеџи Фурукава ја претстави својата „Студија за темпераментот преку крвните групи“, што го означи почетокот на јапонската култура на верување дека крвната група навистина ја одредува личноста, а сето тоа кулминира откако јапонскиот новинар Масахико Номи објави книга кон крајот на 1970-тите, „Хуманика за крвна група“, во која ја разви теоријата на Фурукава. Тие заклучија дека крвната група што генетски ја наследуваме од родителите ја одредува нашата личност.
Луѓе со крвна група 0
Луѓето со крвната група 0 се организирани и одлучни. Тие уживаат во чувството на моќ. Откако ќе го стекнат, не се двоумат да го користат. Тие се конкурентни и ќе направат сѐ за да ги постигнат своите цели. Тие се подобри во правењето пари отколку да градат пријателства. Идеални работни места за лица со крвната група 0 се: политичар, банкар, министер, професионален спортист, менаџер, претприемач.
Луѓе со крвна група А
Оние луѓе што ја имаат крвната група А често се упорни, доверливи и сакаат да имаат ред во нивната работна средина. Тие се педантни, но не се склони кон занимања во кои се бара креативно размислување. Тие се добри тимски играчи и лоши менаџери. За разлика од крвната група 0, кои често се нервозни и нетрпеливи, луѓето со крвната група А се многу мирни и трпеливи. Идеални работни места за лица со крвната група А се: сметководител, економист, сметководител, библиотекар, програмер.
Луѓе со крвна група Б
Луѓето со крвната група Б ги придружува гласот на многу креативни, чесни и вредни луѓе. За жал, поради нивната послушност и недостиг од претприемништво и желба да преземат иницијатива, тие полека напредуваат. Тие ги прават работите на свој начин, дури и понекогаш ги прекршуваат правилата. Идеални работни места за лицата со крвната група Б се: детектив, уметник, психијатар, готвач, фризер.
Луѓе со крвна група АБ
Луѓето со крвната група АБ се исклучително чувствителни и лесно се повредуваат. Тие се најдобри во областите на стратегиското планирање, дипломатијата и правото. Тие се добро организирани и одлични преговарачи, па затоа се идеални кога треба да застанете меѓу два огна. Идеални работни места за лицата со крвната група АБ се: учител, адвокат, амбасадор, келнер, уметник, туристички работник, социјален работник.