Научниците од Каиро дигитално го „одвиткале“ мумифицираното тело на фараонот Аменхотеп Први, откривајќи многу интересни детали, пишува „Гардијан“.
Сахар Салим, радиолог вклучен во откривањето на мумијата, вели дека фараонот имал тесна брада, мал нос и кадрава коса. Посебно нагласила дека е воодушевена од тоа што при одмотувањето открила дека фараонот и по 3.500 години и понатаму има неверојатно добри и зачувани заби.
Фараонот Аменхотеп Први досега беше една од ретките кралски мумии што не можеа да се одвиткаат во модерното време. Салим и нејзиниот тим користеле технологија за 3Д-КТ скенирање, а резултатите што ги добиле биле фасцинантни, а покрај неговиот изглед, го покажуваат и целиот раскош на накитот со кој бил погребан фараонот.
– Имал околу 35 години кога починал. Бил висок 169 сантиметри и имал сјајни заби. Носел 30 амајлии и уникатен златен појас со златни бисери – вели Салим.
Аменхотеп Први бил вториот крал од 18-та династија и го презел тронот по смртта на неговиот татко Ахмос Први. Неговото име значи „Амун е задоволен“. Египтолозите велат дека Аменхотеп бил откриен во 11 век пр.н.е. – тогаш свештениците го направиле тоа за да ја поправат штетата што ја направиле разбојниците на гробниците.
Оригиналната гробница на Аменхотеп Први никогаш не била пронајдена. Откриен е во 1881 година на локација во Луксор, каде што биле скриени мумиите на кралевите и благородниците за да се заштитат од ограбувачите на гробници. Моментално се чува во Египетскиот музеј во Каиро.