Со настап на домашни музички изведувачи, граѓаните на плоштадот Македонија ќе може да ја пречекаат новата 2022 година, информираат од град Скопје.
– Три општествено одговорни компании се охрабрија во време на економска и енергетска криза да придонесат за организацијата за свечениот дпречек на Новата година – се наведува во соопштението на градските власти, кои денеска ја објавија новогодишната програма за 31 декември.
Граѓаните ќе можат да ги чујат „Пука козметика“, „ДНК“, Наум Петрески и Зуица Лазова, како и сетот на диџеј Славе.