Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за состав на новата влада на новоизбраниот лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски.
– Од денес почнувам со формирање на новиот тим кој треба да одговори на сериозните предизвици кои нѐ чекаат од почетокот на новата година. Новата влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите – рече Ковачевски.
Тој најави дека фокусот на новата Влада ќе биде ставен на економскиот развој.