Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57-годишен професор од Струга, кој е осомничен дека вчера околу 12.30 часот со боксирач удрил 18-годишен ученик во главата. Физичкиот напад уследил по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик од средното училиште „Ибраим Темо”. Повредениот ученик бил примен на одделението за Хирургија каде бил сошиен, а професорот бил приведен.
Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување притвор за осомничениот, што судот во Струга го прифати и определи осумдневен притвор.
Средношколците од училиштето во кое се случил инцидентот, претходно денеска протестираа со бојот на наставата, барајќи притвор за професорот пред Основниот суд во Струга.
Учесниците на протестот истакнаа дека изразуваат незадоволство со цел случајот да не се повтори, професорот да го добие заслуженото и за тие да се чувствуваат безбедно кога одат на училиште.