Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид по 10, Куманово и Гевгелија по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден заразен во Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 8 смртни случаи: 3 починати лица од Скопје (68, 72 и 74 години) и по едно починато лице од Битола (55), Крушево (68), Куманово (61), Прилеп (75) и Охрид (78). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнителни 5 смртни случаи, во период од 26 ноември до 16 декември. Починатите лица се од Кочани, Куманово, Скопје, Берово и Пехчево, на возраст од 66 до 87 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани се и 515 оздравени пациенти од: Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Виница, Пробиштип и Дојран.
Направените 3.543 тестови се преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–4, ЦЈЗ Куманово-65, УК Пулмологија со алергологија –3, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-86, Авицена-154, Биотек-234, Систина-85, лабораторија Лаор-101, Синлаб-33, Ремедика-27, Плодност–55, Генеа-17, Никоб лаб-331, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-66, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.606.
Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.