Протести и инциденти во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, дел од оние кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња.
Ги симнаа знамињата кои беа закачени на бандерите, ги запалија и ги нагазија, кажале очевидци, пишуваат агенциите.
Според извештаите на медиумите, Албанец кој се качил на јарбол за да го урне српското знаме паднал од висина од неколку метри за време на протестот во Тирана.
Пред Владата на Албанија во Тирана околу 16.30 часот почна протестот против иницијативата „Отворен Балкан“, организиран од албанската опозициска Демократска партија на поранешниот премиер Сали Бериша.
Демонстрантите го запалија српското знаме кое беше истакнато во знак на добредојде на улицата што води кон Владата, по што следеше бурно одобрување на насобраните, а едно момче падна од јарболот обидувајќи се да го спушти знамето, стои во новинарските извештаи.