Оваа варијанта на коронавирус е утврдена 63 земји во светот, јави СЗО
Омикрон-сојот на коронавирусот е утврден во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември.
Според СЗО, варијантата омикрон е позаразна од делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.
Побрзо ширење на варијантата омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што варијантата делта е помалку распространета, но и во Обединетото Кралство, каде што делта е доминантна варијанта.
Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на варијантата омикрон се должи на фактот дека таа е помалку подложна на имунолошки одговор, дека полесно се пренесува или е комбинација од двете.
-Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на омикрон – констатира СЗО.
Според СЗО, досегашните податоци се недоволни за да се утврди клиничката тежина на оваа варијанта.