Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време на викендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури.
Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.