Вработените во итната служба кои пристигнале на местото на несреќата на автопатот „Струма“ 12 минути по повикот, за бугарската „БТВ“ открија како им помогнале на седуммината преживеани од автобусот на „Беса Транс“.
– Прво го забележавме огнот. Не знаевме за што станува збор. Потоа го видовме автобусот. Гореше силно кога се доближивме. Бев исплашен кога се доближивме – вели Павел Музијски.
Набргу потоа заедно со нив биле пренесени четворица од спасените патници, а четири минути по пристигнувањето на итната служба, првите патници биле транспортирани во болницата „Пирогов“.
– Беше застрашувачки, тие се обиделе да излезат. Ако немаше пожар, според моето мислење, немаше да има ниту жртви од несреќата – смета д-р Валери Симеонов.