Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија. Телефонскиот број е: 075/273 732.
-Отворена е телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе може да се обратат за дополнителен совет – информираат од министерството.
Имајќи ја предвид тешката несреќа што се случи синоќа, министерството информира дека во институцијата веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата.
-Двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат за сите процедури поврзани со трагичниот настан – велат од МНР.