Женската шаховска репрезентација на Македонија (рангирана 31-ва пред почетокот), убедливо со 0-4 загуби од силната селекција на Чешка (рангирана 16-та), во 5-то коло на 23. Европско екипно првенство (ЕП), кое во девет кола се игра во Терме Чатеж (Словенија).
Машката репрезентација на Македонија, пак, во ова коло беше слободна, бидејќи немаше противник и автоматски освои еден бод и два поени по табли.
По пет одиграни кола на ЕП, македонските шахистки со една победа и три порази (во 1-то коло беа слободни), се на 26-то место со три бода (6,5 поени по табли), меѓу 31-на селекција. Македонските шахисти пак, со два бода (еден службено освоен во 5-то коло), односно три порази и едно реми (седум поени по табли), моментно се на 36-то место во конкуренција на 39 селекции.
Утре е единствениот слободен ден на ЕП, а во 6-то коло, шахистите ќе ги одмерат силите со Ирска (рангирана 38-ма), додека шахистките со Турција (рангирана 20-та).
Кај мажите на табелата водат Русија, Азербејџан, Украина, Унгарија, Ерменија и Холандија со по осум бода, а кај жените Русија со 10, пред Грузија и Грција со по осум. На ЕП 2021 се пријавени 39 репрезентации со 193 шахисти (127 ВМ, 37 ИМ), а кај шахистките 31 држава со 154 шахистки (11 ВМ, 23 ЖВМ).
ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 4-0
ЖВМ Каролина Пилсова (2.281) – ЖФМ Моника Стојковска (2.066) 1-0
ЖВМ Кристија Петрова (2.275) – Бојана Бејатовиќ (2.031) 1-0
ЖИМ Магдалена Митурова (2.248) – Драгана Николовска (1.877) 1-0
ЖИМ Наташа Рихтерова (2.185) – Ивана Манова (1.809) 1-0
Г.И.