Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата, со насилие и недемократски методи, рече денеска Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки, од вчера Владата е единствената власт која нема мнозинство, бидејќи, како што кажа, има само 59 пратеници, а е на чело на државата.
– Оваа влада нема легитимитет да продолжи да владее. Тие можат со недемократски методи да присилат уште пратеник, два или три, но не можат да ја променат реалноста. Единствен начин за излез од сите кризи, за стабилизирање на државата и нормално трасирање на патот кон ЕУ може да направи само нова влада во која ги нема криминалците од СДСМ. Затоа потребни ни се брзи избори, за стабилна владата способна за справување со сите кризи – истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.