Грчката поддршка за европерспективата на Македонија, како и на регионот, останува непроменета, но со исполнување на поставените услови, како што истакна портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александрос Папајоану, на денешниот брифинг со новинарите.
– Што се однесува на европската перспектива, не само на Северна Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан, постои познатата условеност од заклучоците од Европскиот совет. Таму секако се и обврските што се однесуваат и на спроведување на билатералните договори и Преспанскиот договор – објасни Папајоану.