• Најдобар автомобил под 25.000 евра: Електричнaта „Мока-е“ го зазема првото место
• Електричен автомобил со стил: Смел и електричeн, „Опел Мока-е“ во склад со
времето
Електричен успех: „Мока-е“ ја следи „Корса-е“ како добитник на „Златен управувач“
• Победничка серија на „Ауто Оскарс“: Веќе 19 победи „Златен управувач“ за „Опел“
Новата „Опел Мока-е“ ја освои наградата „Златен управувач за 2021“, победувајќи ја силната конкуренција и освојувајќи една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија во категоријата „Најдобар автомобил под 25.000 евра“.

„Мока-е“ беспрекорно го продолжува серискиот успех на „Опел“ со оваа награда. Минатата година, електричната „Опел Корса-е“ ја донесе наградата „Златен управувач“ во Риселхајм. По „Ампера-е“ во 2017 година и „Корса-е“ во 2020 година, „Мока-е“ сега е третиот електричен модел, а воедно и првиот СУВ од „Опел“ што ја освоил посакуваната титула. Електричните возила со „Блиц“ ги придобиваат експертите и читателите на „Ауто Билд“ и „Билд ам Сонтаг“ исто како и клиентите.

Нашата „Опел Мока-е“ е сè освен не обична, и тоа уште еднаш го докажа на овогодинешниот „Златен управувач“, рече извршниот директор на „Опел“, Уве Хохгешурц на синоќешната церемонија на доделување на наградите во берлинскиот „Аксел Шпрингер Хаус“.

– Со најсовремените технологии и бескомпромисниот дизајн, „Мока-е“ ја прави е-мобилноста забавна на секој начин. Ние  сме многу задоволни што нашите клиенти, читателите на „Ауто Билд“ и Билд ам Сонтаг“, како и стручното жири размислуваат на ист начин – порача Хохгешурц.

„Опел Мока-е“: Електрично возило кое привлекува погледи со фокус на Опел визирот

Новата „Опел Мока-е“ импресионира не само со смелиот и елегантен дизајн, туку и со своите перформанси. Електричниот мотор со 100 kW/136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент обезбедува моќен, речиси тивок погон. Благодарение на батеријата од 50 kWh, можeн е опсег до 338 km без прекин за полнење според WLTP. Електронски ограничената максимална брзина е 150 km/h. Најсовремениот регенеративен систем за сопирање ја прави „Мока-е“ уште поефикасна, дозволувајќи му на електричното возило да ја поврати енергијата при забавување или сопирање. Батеријата може брзо да се наполни и до 80 проценти за 30 минути на ДЦ-станица за полнење од
100 kW.

„Опел и „Златниот управувач“: Сите победници од Риселхајм

„Опел Мока-е“ е најновиот во гордата линија на добитници на наградата „Златен управувач“ од „Опел“. Наградата која се доделува од 1976 година од „Билд ам Сонтаг“ и од 2009 година во соработка со „Ауто Билд“ сега по 19-ти пат ја освои брендот со „Блиц“. Сè започна во 1978 година, две години по основањето на наградата, со „Опел Сенатор А“.

На патот до победата на „Златен управувач“ први гласаат читателите на „Ауто Билд“ и „Билд ам Сонтаг“. Тие ги бираат своите тројца фаворити во секоја категорија, испраќајќи ги во финалето. На „Декра Лаузицринг“, истакнато жири од експерти составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили потоа ги оценува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на „Ауто Билд“.