Домување

Со текот на времето, поради детергентот и нечистотијата, во машината за перење се таложи бигор, кој може да го отежни правилното функционирање. Затоа, машината за перење треба периодично да се чисти темелно. Чистењето на надворешната страна на машината за перење е лесно, доволно е само да се пребрише со влажна крпа, но затоа чистењето на внатрешноста бара малку повеќе труд. Најпрво, отстранете ја преградата за детергент, и измијте ја од засушениот прашок и омекнувач. Земете крпа, четка за заби и бел алкохолен оцет и добро пребришете ги внатрешноста на машината за перење и гумата.
Некои машини за перење на предната страна имаат мали врати за чистење на филтерот, каде што сигурно ќе најдете парички, копчињата и насобрана нечистотија. За чистење на внатрешноста на машината за перење алишта, во барабанот за перење истурете еден литар бел оцет и една шолја сода бикарбона. Вклучете ја машината на највисока работна температура и започнете го циклусот на чистење на машината со овој раствор. За време на процесот на чистење на барабанот, во машината не треба да има алишта. По овој процес на чистење, вашата машина ќе се ослободи од насобраниот бигор и непријатната миризба, а вашите алишта ќе мирисаат преубаво по перењето.