Вицепремиерот Артан Груби на денешниот координативен состанок во Владата изјави дека партиските лидери се против оставката на премиерот Зоран Заев, како и против ново парламентарно мнозинство.
Груби изјави дека оставката што ја понуди премиерот Заев била избрзана и дека тој треба да се продолжи со предводењето на владата. Груби смета дека оваа влада, предводена од Заев, може да го реши спорот со Софија и да ги започне преговорите со ЕУ.
Коалициските партнери и дел од владејачкото мнозинство, кои попладнево одржуваа состанок во Владата, сметаат дека мнозинството е стабилно и едногласно беа против одржувањето на предвремени избори. Состанокот беше одржан откако премиерот Заев најави дека поднесува оставка од премиерското место и од позицијата лидер на партијата, откако СДСМ на локалните избори претрпе пораз.