Научниците од Државниот институт во Јужен Урал пронајдоа алтернатива на оловото за заштита од радијација. Врз основа на новиот материјал може да се направи стакло што ќе се користи во индустриите што користат радиоактивно зрачење. Истражувањето е објавено во списанието „Оптикал материјали“.
Во онкологијата, зрачењето се користи во третманот на малигни тумори. Истовремено, важно е медицинскиот персонал да биде заштитен од зрачење, како и здравите делови од телото на пациентот и чувствителните делови на опремата. За заштита се користат екрани, шлемови и специјални стаклени очила, велат експертите. Тие често содржат олово и тешки отровни материјали со кои е тешко и опасно да се работи, а уште потешко да се уништат.
Врз основа на хемиско соединение направено од стронциум оксид и бор, како и телуриум диоксид (SrO-B2O3-TeO2), научниците направија материјал од кој може да се произведат заштитни стакла што не содржат олово.

– Предложивме нов материјал што може да го замени оловото и покажавме дека може ефективно да прикажува гама-зрачење. Стаклата што содржат стронциум, бор и телуриум, исто така, имаат висока густина и ефективен атомски број, што значи и ефикасност во спречувањето истекување на штетните зраци. Стронциум оксидот е исто така оксид на тешки метали и неговото додавање ја зголемува дебелината на стаклото. Ова е многу важен параметар во заштитата од радијација – изјави Дарја Тишкевич, помлада научна соработничка во Лабораторијата за раст на кристали на Државниот институт во Јужен Урал.
Во февруари 2003 година, Европската Унија издаде директива за ограничување на употребата на опасни супстанции, со цел да се заштитат луѓето и животната средина. Оловото е на прво место во таа директива. Затоа експерти од различни делови на светот продолжуваат да бараат нови материјали што можат да го заменат оловото не само во медицината туку и во другите области во кои се применува. Научниците веруваат дека релативно едноставната технологија на производство на стаклото е со различна дебелина и форма и што е најважно, има голема заштитна ефикасност. Друга предност, според креаторот, е релативно ниската цена на чинење.