Хавиер Касарез кој вчера ја уби неговата сопруга и уште четири лица во оружен напад во Бејкерсфилд, САД, пред да си го одземе животот, побарал развод минатата година бидејќи верувал оти сопругата го мами, пренесува „Њујорк пост“.
Властите соопштија дека имаат сознанија оти семејното насилство би можело да претставува мотив за оружениот напад, но не ја знаат точната причина која го поттикнала Касарез да го изврши злосторството.
Во неговото барање за развод поднесено во декември минатата година, Касарез ја обвинил неговата сопруга Петра Марибел Боланос де Касарез за неверство и побарал од судот евиденција за нејзините телефонски повици и пораки, што судијата го одбил.
Полицијата истражува дали Боланос имала врски со две жртви во нападот. Таа неодамна упатила барање до судот во врска со алиментацијата за деца и со нивниот имот.