Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци по 4, Битола – 3, Неготино – 2 и по еден заболен во Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип.
Пријавени се и 19 починати лица: 12 од Скопје (86, 84, 80, 75, 75, 73, 67, 65, 63, 57, 48 и 39 години), двајца починати од Куманово (71 и 42 години) и по едно починато лице од Богданци (70), Велес (73), Гевгелија (69), Кичево (69) и Македонска Каменица (87). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште петмина починати во периодот од 16 септември до 4 октомври. Од нив, двајца починати се од Скопје и по еден од Тетово, Гевгелија и Велес на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица, три се починати во болнички, а две во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Штип – 21, Куманово – 19, Велес – 16, Кратово – 11, Прилеп, Кочани и Крива Паланка по 9, Тетово – 8, Кавадарци и Валандово по 7, Струмица, Свети Николе и Виница по 4, Кичево и Гевгелија по 3, Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар по 2 и по еден оздравен од Неготино и Гостивар.
Направените 1.668 теста се преку: ИЈЗ – 20, ЦЈЗ Скопје – 20, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 88, „Авицена“ – 52, „Биотек“ – 162, „Систина“ – 42, „Никоб лаб“ – 233, „ВФВ медикал“ – 16, „Ели медика“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 999.
Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 197.197, бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.