Најмалку 28 лица загинаа кога автобус во западен Непал излета од патот во бездна, соопштија тамошните власти. Најмалку 15 повредени лица се хоспитализирани, а спасувачите се на терен и ги бараат телата.
Сè уште нема информации за причината за несреќата и колку патници имало во автобусот.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.
Сообраќајните инциденти се вообичаени во планинскиот Непал, а причината најчесто се неисправни возила, лоши и тесни патишта со големи и ненадејни кривини.