ФОРМУЛА 1
Хамилтон ќе стартува 10 места зад оствареното во квалификациите

Британецот Луис Хамилтон ќе стартува 10 места подолу од остварениот резултат во квалификациите за трката во Формула 1 во Турција, која ќе се вози утре, откако доби казна за употреба на премногу мотори сезонава, пишува „Би-би-си“. Но тој зеде само една компонента на енергетска единица, мотор со внатрешно согорување, така што избегна старт на трката во Турција од последниот ред.
Во трката за титулата сезонава, Хамилтон води и има два бода повеќе од второпласираниот, Холанѓанецот Макс Ферстапен, кој почна од последниот ред на трката во Русија поради таква казна за моторот, но го освои второто место. Од претходно е потврдено дека Карлос Саинц, кој има целосна промена на моторот, на утрешната трка ќе стартува од последниот ред на патеката, пишува „Би-би-си“.
Хамилтон вчера на првиот тренинг беше најбрз, пред Ферстапен, Шарл Леклер, Валтери Ботас…


РАКОМЕТ
Европско финале за трофејот на Суперглоуб

Тоа ќе биде дуел на освојувачите на трофеите во европските купови лани
Европскиот првак Барселона од Шпанија и освојувачот на Лигата на Европа, германски Магдебург, ќе играат во денешното финале на 14-то издание на турнирот Суперглоуб (учествуваа 10 екипи), кое годинава се игра во Саудиска Арабија и кое се смета за неофицијално светско клупско првенство во ракомет.
Евентуалниот триумф на Магдебург ќе биде прв за тој клуб во ова натпреварување. Барселона, пак, која е и најтрофејна екипа, шести пат би победила на Суперглоуб, а од 2017 година четврти пат во низа (натпреварувањето не се одржа минатата година поради пандемијата на коронавирусот).
Во полуфиналните дуели, Магдебург го победи вицешампионот на Европа, дански Алборг, со 32-30 (18-18), а Барселона славеше на дуелот со првакот на Јужна Америка, бразилскиот претставник Пињеирос, совладувајќи го со 39-24 (23-16). За третото место на турнирот ќе играат Алборг и Пињеирос.