Полицијата денеска попладне, околу 17 часот, во скопското село Марино, уапсила 41-годишен штипјанец со иницијали Т. П, кој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна, во врска со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, 41-годишникот претходно избегал од затворот во Струмица, а за доиздржување има уште 2 години, 6 месеци и 15 дена.
Тој повторно ќе биде предаден во казнено поправната установа.