Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Ирска, планирана за ноември, поради проблеми околу распоредот, соопшти денеска ирската Влада.
Белата куќа во август соопшти дека Трамп ќе отпатува во Ирска по првпат во својство на претседател како дел од пaтувањето за време на кое ќе присуствува на одбележувањето на стогодишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна, а кое се празнува на 11 ноември.
Различни групи најавија протести поради посетата на Доналд Трамп.
– Планираната посета на американскиот претседател е одложена – рече портпаролот на ирската влада. Американската страна посочи проблеми околу распоредот.