ГЕВГЕЛИЈА
Во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите (СРМА), за што градоначалникот Поцков потпиша меморандум за соработка, Општина Гевгелија започна со спроведување на една од предвидените активности – подобрување на сегашниот систем на локалната даночна администрација со додавање дополнителни модули кон постојниот основен модул-софтвер добиен како грант од претходниот УСАИД-проект. Со тоа би се олеснил и унапредил процесот на администрирање даноци и такси, во согласност со потребите на Општината за дополнителни модули.
– Исто така, во согласност со предложениот пакет техничка помош за Општина Гевгелија од страна на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Гевгелија ќе биде дел и од претстојната активност, онлајн работилница за размена на позитивни практики и искуства помеѓу 16 партнер-општини на проектот, која ќе се одржи на 2 септември. Во врска со унапредувањето на активната транспарентност, Општина Гевгелија ќе го презентира процесот на координација помеѓу вработените во надлежните одделенија за невремено објавување релевантни информации на официјалната веб-страница, како општина со висок индекс за активна транспарентност, со 85,7 отсто, во согласност со направените анализи од страна на Центарот за граѓански комуникации – велат во Општината.