Германија има потреба од 400 илјади квалификувани имигранти годишно, со цел да го надомести недостигот на работна сила, истакна шефот на Федералната агенција за вработување (БА) Детлеф Шиле, а пренесе ДПА.
Шиле ја отфрли можноста за отпор кон миграцијата при решавање на прашањата на пазарот на трудот.
Германија годинава се соочува со намалување на бројот на потенцијални работници за 150 илјади поради демографската ситуација.
Шиле смета дека недостигот на работна сила е клучно прашање за идната германска влада.