Директорот на американската национална разузнавачка служба Ден Коутс изјави дека е загрижен поради кибер закани од повеќе земји пред претстојните избори во САД, но не прецизира за кои земји станува збор.
Во говор на Разузнавачкиот и безбедносен самит во Мериленд, Коутс рече дека се загрозени овогодишните ноемвриски избори за Конгресот, како и претседателските избори кои треба да се одржат во 2020 година.
– Нашата меѓусебна поврзаност им олеснува на нашите непријатели да користат операции со информирање со кои внесуваат раздор, со цел да посеат неслога и да ги поткопаат нашата демократија и вредности, како што видовме во случајот со обид за странско влијание од страна на Русија и други, заклучи Коутс.