Неколку луѓе се убиени денеска во градот Асадабад кога талибанците отвориле оган врз луѓе кои го носеле националното знаме за време на собир по повод Денот на независноста на Авганистан.
Не е познато дали граѓаните се убиени од истрели или во стампедото предизвикано по пукањето, изјавил очевидец, а пренесува агенцијата „Ројтерс“. Портпаролот на талибанците не беше достапен за коментар.
Талибанците вчера отворија оган врз демонстранти во градот Џалалабад, кои се собраа барајќи наместо талибанските повторно да се истакнат авганистанските знамиња на зградите на институциите во тој град, а најмалку три лица беа убиени во таа прилика.