Во знак на поддршка на лицата со попреченост, десетици луѓе во Скопје и Битола излегоа на протест под мотото „Имам право на достоинствен живот“.
Протестот во Скопје почна пред Владата, а заврши пред Собранието. Присутните ги побараа основните човекови права.
Демонстрантите најавија дека ќе ги достават нивните барања до Владата, а потоа ќе заминат во Жена парк каде што ќе останат во импровизиран камп додека нивните права не бидат остварени.