Во последните 24 часа во Србија се потврдени 125 нови случаи на коронавирус од 8.868 тестирани, а едно лице почина, објави РТС.
Вирусолозите велат дека делта-сојот циркулира и дека е потребно време да стане доминантен.
Вирусологот проф. Тања Јовановиќ истакна дека масовната вакцинација е приоритет и додаде дека колку подолго вирусот е во циркулација, толку повеќе можности има да се менува, како и дека со секој нов вид, потребно е да се подигне нивото на колективен имунитет.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тој е лично поддржувач на идејата за задолжителна вакцинација за одредени категории на население, што е правило за здравствените работници во Франција, но дека такво нешто не е можно во Србија поради Уставот, затоа што би претставувало повреда на човековите права.