Расте бројот на заразени со коронавирусот во Израел и се смета дека бројките се високи поради ширењето на индискиот сој. Во земјата има пораст на новозаразени за 3.000 отсто.

Втор ден по ред се регистрирани над 750 случаи. До скоро бројот на новозаразени бил околу 15 дневно, а потоа се зголеми на повеќе од 500. Бројот на тешки случаи се зголемил за 150 отсто.

Минатата недела делта плус сојот е откриен кај човек кој допатувал од странство, а сега има 51 заразен со овој сој.

Сојот делта плус е сличен на распространетиот делта сој, но сè уште е нејасно дали тој е позаразен и поопасен.

Претходно, Израел беше земја лидер во имунизација на населението, и се ослободи од вирусот, но тој брзо се врати.

Сега делта сојот доминира и во Европа. Во Лисабон сите откриени случаи се од овој сој.