Германија наскоро ќе има толку многу дози вакцини против ковид-19 што ќе може да им ги понуди на граѓаните во одредени јавни и верски установи со цел да имунизира 80 отсто од населението, соопштија денеска здравствените власти.
– Иако побарувачката сè уште го надминува снабдувањето со вакцини во многу медицински центри, ситуацијата ќе се смени во следните неколку недели -а изјави министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека државата мора да ја забрза имунизацијата за да спречи делта сојот да предизвика нов бран, пренесе агенцијата „Ројтерс“.