Груби и Мерко за акцијата на брегот на Охридското Езеро

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денеска присуствуваа на активностите за уривање на шест постојни платформи лоцирани на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Груби во оваа пригода рече дека е за поздравување фактот што акцијата за отстранување на платформите се прави преку конструктивен дијалог меѓу општинските власти и бизнис заедницата.

– Зелената агенда е веќе во акција и нема да застане тука. Преку оваа агенда, сите граѓани на Република Северна Македонија ќе имаат придобивки, без оглед каде живеат, бидејќи придонесува за подобар и поквалитетен живот – посочи првиот вицепремиер.

Градоначалникот на Струга, Мерко, исто така рече дека ова е само почеток и дека зелената агенда нема да запре со оваа акција.

– Платформите што денес се отстрануваат не се дивоградби туку нивните сопственици сакаат да се солидаризираат со нивните колеги, сопствениците на сличните концесии во Охрид затоа што стружани не сакаат нивниот град да остане „црна овца“ и со тоа да ги зголемат шансите градот Охрид да го изгуби статусот на заштитен град од УНЕСКО – посочи струшкиот градоначалник додавајќи дека тој и неговиот тим постојано се ангажирани и работат за заштита на диверзитетот на Охридското Езеро.


Алијанса за Албанците: Во Струга главен проблем не се платформите, туку целосното бетонирање на крајбрежјето

Од Алијанса за Албанците реагираат на денешните активности за уривање на шест постојни платформи лоцирани на брегот на Охридското Езеро во Струга. Тие ги обвинија локалните власти во Струга дека без срам излегле да се пофалат со својот криминал и да ги измамат граѓаните. Според нив, во Струга главен проблем не се шестте платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето.

– Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса во стилот на Артан Груби – порачаа од Алијанса за Албанците.

Тие бараат одговорност за палењето трска околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа, непоправлива штета на флората и фауната.

– Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ, Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да останат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии корупција и лошо менаџирање. Жителите на Струга, не може ни ти да ги измамите ниту да има ја потцените нивната интелигенција – додаваат од опозициската партија.

Тие порачаа дека на стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од Алијанса за Албанците и ДУИ. Според нив, во октомври нема да помогне, како што велат, ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите.