Со истурање на вода за среќа, автобусот на македонските фудбалери замина кон аеродромот од каде ќе го продолжат патот за Букурешт на Европското првенство.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им посака успех.
Сите репрезентативци се негативни на ковид-19 од вчерашното тестирање пред заминувањето на европското првенство.
Фудбалерите ќе го имаат првиот настап в недела, кога ќе се сретнат со Австрија.