Индискиот сој на коронавирусот е потврден во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Вирусот бил детектиран кај пациент кој се вратил од Ирак и кој се лекувал во приватна болница.
– Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата – велат од Министерството.
Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.