Со оваа победа, Надал се изедначи со Ѓоковиќ по бројот на освоени мастерс-титули од серијата 1.000, така што сега и двајцата имаат по 36 титули
ТЕНИС
Шпанецот Рафаел Надал по 10-ти пат го освои Мастерс-турнирот во Рим, откако во финалето, по два часа и 49 минути, славеше против бранителот на титулата, Србинот Новак Ѓоковиќ, со 2-1 во сетови (7-5, 1-6, 6-3). Со оваа победа, Надал се изедначи со Ѓоковиќ по бројот на освоени мастерс-титули од серијата 1.000, така што сега и двајцата имаат по 36. Со победата во Рим, Надал во својата трофејна колекција сега има и четири турнири на кои победил најмалку 10 пати. Така, покрај Рим, тој има 13 трофеи од Ролан Гарос, 12 од Мастерсот во Барселона и 11 од Монте Карло.
– Ова е многу значајна победа за мене, оти многу го посакував 10-от трофеј од Мастерсот во Рим. Тоа беше една од првите значајни титули што ги освоив во кариерата. Играм сѐ подобро во последните недели, што ми ја зголеми самодовербата, а особено што тоа е на земјен терен – рече Надал по триумфот.
На 57-от меѓусебен дуел на АТП-турнирите, Надал сега се доближи на 28-29 по бројот на победи. Ѓоковиќ по деветти пат се соочи со Надал во Рим, а води Надал со 6-3, додека 4-2 е ефектот во финалињата со Ѓоковиќ.
Полската тенисерка Ига Свјонтек, пак, е победничка на ВТА-турнирот во Рим, откако во финалето убедливо славеше над Каролина Плишкова од Чешка, со 6-0 и 6-0. Актуелната победничка од Ролан Гарос до победата стигна за 48 минути, без да загуби гем. Во текот на двата сета таа загуби само 13 поени. Свјонтек својот прв турнир во кариерата го освои во 2019 година во Лугано, а минатата година победи на Ролан Гарос.