Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури и задоцнети.
– Ако сме го направеле пред 10 години, немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти системот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралелно ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници – рече Царовска одговарјќи на новинарско прашање при обиколката на инфраструктурните зафати во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар.
Според неа, со новата Концепција за основно образование, учениците ќе стекнуваат знаења и вештини преку системи коишто се светски познати, кадешто интеграцијата на содржините и на информациите ќе ги носи кон одредени заклучоци, ќе ги насочува кон преиспитување и истражување.