Корисниците од улицата „Наум Охридски“ со куќни броеви од 7 до 19 и од улицата „Баница“ од број 1 до број 6 во општина Центар утре од 9:00 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Њуделхиска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Дрезденска“ и дел од улицата „Козле“, а од 9:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од населбата Злокуќани во близина на фирмата „Ратко Митровиќ“ во општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.