Општина Прилеп со полагање цвеќе на бистата во основното училиште што
го носи неговото име, денеска ја одбележа 118-годишнината од загинувањето на
Гоце Делчев.
Покрај градоначалникот Илија Јованоски, цвеќе положија и претставници на
Советот на општина Прилеп, училиштето кое со гордост го носи името на Делчев,
како и делегации на политички партии и урбаната заедница „Гоце Делчев“.
Исто така, по повод 109-годишнината од загинувањето на македонскиот
револуционер Пере Тошев, делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе пред
неговото спомен обележје во центарот на Прилеп.
Со полагање цвеќе пред бистата која се наоѓа во Меморијалниот музеј
„11.Октомври“, оддадена му беше почит и на Јосип Броз Тито, претседателот на
СФРЈ, од чија смрт денеска се одбележуваат 41 година. Ка.М.