Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Хендрик Демс, во писмо до претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, ја прифати неговата покана да учествуваат во набљудувањето на изборите за Думата во септември, изјави спикерот на Државната дума за ТАСС.
– Хендрик Демс информираше за подготвеноста на Собранието да учествува во набљудувањето на претстојните избори за Државната дума – рече спикерот.
Дополнително, продолжи тој, Демс се согласи со неопходноста од соработка на европските земји во борбата против пандемијата на коронавирус и обезбедувањето пристап со вакцините за сите граѓани.
Средбата на Володин и Демс се одржа на 15 март за време на посетата на претседателот на ПССЕ на Русија. Политичарите разговараа за можното присуство на набљудувачите на ПССЕ на изборите и борбата против пандемијата на Ковид-19, како и за промовирањето на руските вакцини на европскиот пазар.
Изборите за руска Државна дума ќе се одржат на 19 септември истовремено со регионалните и општински избори.