Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
– Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализации – напиша Филипче на Фејсбук.
Според него мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.