ГРЦИЈА

Грчката влада ќе им понуди помош од околу 330 милиони евра на рестораните и кафулињата, кои со месеци беа затворени, за да им се овозможи повторно отворање во следните недели. Рестораните се очекува да бидат отворени подоцна во април, пред планираното отворање на туристичкиот сектор од средината на мај. Повеќе од 70.000 ресторани, барови и кафулиња се затворени од ноември, кога беше воведена строг карантин за спречување на вториот бран на пандемијата на коронавирусот.
Секоја компанија ќе добие грант до 100.000 евра, според одредени критериуми, за покривање на трошоците за повторно отворање, со вкупен пакет од 330 милиони евра, се вели во соопштението на грчкото министерство за финансии.
Досега една милијарда евра од државата во форма на евтини заеми и други грантови биле одобрени за заздравување на грчките фирми за време на пандемијата.