Актуелниот светски и олимписки првак Данска ја совлада ракометната репрезентација на Македонија со 37-21 во денешниот меч одигран во Алборг, во рамки на квалификациите за Европското првенство в година, со што се реваншираше за поразот во Скопје.
Подмладената македонската репрезентација, без капитенот Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, не можеше да му парира на домаќинот, против кого славеше со 33-29 пред три дена во Скопје.
Македонските ракометари беа рамноправни во првите 15 минути. Во тој период Данска најчесто имаше предност од еден гол. Кога Данците создадоа разлика од пет гола, Кевин Мелер на голот го замени Николас Ландин и на крајот тој беше играч на натпреварот. Мелер на крајот имаше дури 16 одбрани.
Данците го добија првиот дел со 17-10, а во 34-та минута дојдоа до двоцифрена предност, со што го решија мечот.
На овој меч Македонија ја предводеше Филип Кузмановски со пет гола, а два помалку постигна Мартин Велковски. Кај Данците се истакнаа Матијас Гитсел со седум и Рене Тофт Хансен со пет гола.
По четири кола во квалификациската група 7, Данска и Македонија имаат по три победи и еден пораз и се наоѓаат на првите две места.