Меѓународната организација за миграција (ИОМ) објави дека најмалку 20 мигранти починале откога шверцерите фрлиле 80 од нив преку палуба за време на патувањето од Џибути во источна Африка до Јемен, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека ИОМ во изјавата наведува дека шверцерите пред да ги фрлат луѓето извикувале дека ги има премногу, откако бродот со 200 мигранти, меѓу кои и деца, вчера почнал да плови. Досега се пронајдени пет тела, а на преживеаните им се кажува на помош во Џибути.
АП пренесува дека и порано имало вакви случаи бидејќи илјадници мигранти сè уште се обидуваат да се пробијат од Рогот на Африка до Јемен, а потоа и до богатите земји од Заливот. Сè уште не е познато од кои земји се мигрантите од ова патување, иако повеќето патуваат од Етиопија и Сомалија.