Заев за новиот систем против корупција
Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, нешто што ќе го забрза процесот на решавање на предметите и нема веќе да има чување предмети во фиока, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи детали од Антикорупцискиот план.
Тој рече дека ќе претстои автоматизирање на протокот на документи по предмети со препознаена корупција, а ќе се воведе и електронски систем за инспекција, „Е-инспектор“, кој ќе ги има под закрила сите инспекторати, а ќе биде под јурисдикција на Инспекцискиот совет.
Освен ова, рече Заев, ќе се дигитализираат трите матични книги, а граѓаните ќе можат електронски да ги добијат изводите. Како дел од акцискиот план е предвидена и заштита на укажувачите.
– Правдата е тука, ете ја, по рочиштата и низ судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние веднаш почнавме со транспарентност. Поставивме стандарди од кој нема враќање, а граѓаните сведочат дека привилегирани и недопирливи. Беа одржани бројни консултации, со Транспаренси Интернешнл, ДКСК и многу други. Ги собравме најважните совети и препораки за да изготвиме ваков план – изјави Заев.